„Феминизам“ е збор на годината за 2017., според изборот на американскиот речник Меријам-Вебстер.
– Во 2017 година истражувањето на зборот „феминизам“ е зголемено за 70 отсто на интернет страницата Merriam-Webster.com во однос на претходната година и во повеќе наврати привлече големо внимание поради големите настани, изјави лексикографот Питер Соколовски.
Во изминатите неколку години зборот „феминизам“ беше меѓу десетте наистражувани кога е во прашање речникот Меријам-Вебстер.