Извозот во бруто домашниот производ учествува со 53 проценти и за да се обезбеди поголем раст на економијата од четири, пет или шест отсто, учеството на извозот во БДП треба да биде меѓу 60 до 70 проценти.

Ова го порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на форумот „Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст“ организиран од Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“.

Македонија е мала држава со ограничен пазар и потрошувачка ии лимитиран простор за зголемување на БДП на домашниот пазар. Затоа за зголемување на БДП простор има само ако се зголеми извозот, рече Анѓушев.

Тој нагласи дека нема друга алтернатива освен зголемување на извозот, но и да има подобра покриеност на увозот со извозот. – Во последните месеци оваа бројака расте и моментно сме на рекордна покриеност од 74,4 отсто, прецизира Анѓушев.

Посочи дека Владата за наредната година предвидува за 46 отсто повеќе средства за поддршка на домашните компании кои ќе покажат еконосми раст и ќе го задржат бројот на вработените, а за извозно ориетираните компании поддршката ќе биде двојно повисока.

Едвард Гонзаелс, директорот на Коанцеларијата за развој на УСАИД во Македонија, рече дека се потребни дополнителни подобрувања во трговскиот сектор кои ќе понудат поддршка на растечките извозно ориентирани компании за да може македонската економија да се развива и да оди напред.

– Затоа е потребно сите заедно да се насочиме кон градење посилни бизнис врски, можности за создавање нови бисниси и отворање нови работни места преку зголемување на конкуренстноста на компаниите, како на домашниот, така и на странскиот пазар, истакна Гонзаелс.

Според менаџерот на „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ Љубомир Димовски, проектот е реализиран во соработка со Стопанската комора на Македонија, МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори. Досега се организирани 18 информативни настани и осум форуми низ Македонија на кои учествувале повеќе од 500 компании.

– На овие настани се идентификуваа повеќе од 80 проблеми, потреби за подобрување на постоечката правна регулатива со која секојдневно се соочуваат компаниите. Беа спроведени и две бизнис истражувања, чии резултати укажуваат дека 74 отсто од анкетираните компании во земјата сметаат дека не биле вклучени во процесот на донесување на правната регулатива, а 62 отсто сметаат дека моменталните услови во државата за поддршка и развој набизнисите се недоволни, рече Димовски.

На денешниот форум се одржуваат три сесии на кои домашни и стрнски експерти ги споделуваат и анализираат проблемите со кои најчесто се соочуваат македонските извозни компании



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2017 00:40