Во Брисел денеска почнува дводневен самит на лидерите на државите членки на Европската унија посветен на прашања за безбедноста и одбраната, соработката на ЕУ и НАТО, миграцијата, економската и монетарна политика и Брегзит.

Во првиот ден на самитот, 28 шефови на држави и влади на ЕУ ќе разговараат за јакнењето на заедничката одбранбена соработка вклучително и механизмот Трајна структурна соработка.

Во ЕУ веќе е усвоена листа од 17 иницијални проекти кои ќе ги подобрат оперативни способности на ЕУ. Во рамки на разговорите за безбедноста и соработката се очекува на лидерите на ЕУ да им се придружи и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2017 15:30