Пратеникот Артан Груби од ДУИ денеска потврди дека се заршени разговорите меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ во врска со владиниот состав.

– Завршени се тие работи меѓу Ахмети и Заев, рече денеска во Собранието Груби по завршувањето на прес-конференцијата во врска со амандманската расправа за законот за јазиците.

Министерот за правда Билент Салиу, кој присуствуваше на продолжението на амандманската расправа, не сакаше да даде изјава за тоа дали ќе ја задржи министерската функција, но кажа дека тоа зависи од договорот меѓу политичките партии коалициски партнери во Владата.

Со ова останува да се види каков ќе биде ставот на лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села кој е во САД и кој треба да пресече дали неговата партија ќе остане во владината коалиција и дали ќе го заддржи министерството за здравство.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2017 01:11