Скопје се гуши, а Петре Шилегов и владата на СДС мува не ги лази. Нивото на загаденост на воздухот во последните неколку дена достигна досега невидени размери. Граѓаните на Скопје сабајле се разбудија во најзагадениот град на планетата Земја, со ниво на загаденост далеку над градовите во Кина и Индија.

Скопје е далеку позагаден град од Калкута, Њу Делхи и другите градови од Индија и Кина кои досега го држеа светскиот рекорд во загаденост на воздухот.

Во текот на ноќта и утрото нивото на загаденост беше и до 11 пати над дозволеното. На мерната станица кај Ректорат беа измерени 569 микрограм на метар кубен, во Лисиче 484, во Карпош 427, а во Центар 426. Ова е 9 до 11 пати над дозволеното, кое изнесува само 50 микрограми на метар кубен.

Додека граѓаните секојдневно се гушат во загадениот и за здравјето кобен воздух, за Петре Шилегов тоа е реално шоу, истиот тој Шилегов до пред само два месеци во борба за гласовите на скопјани ветуваше чист воздух и здрава животна средина. За сега истото да го гледа низ призмата на реално шоу.

Централната власт која повеќе од 7 месеци ги контролира сите институции не превзема ништо во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, напротив квалитетот на воздухот опаѓа, загаденоста е енормна, а граѓаните се жртва на неодговорната политика на СДС.

Граѓаните секојдневни ги чувствуваат последиците од загадувањето, граѓаните кои завршуваат во болниците поради респираторни проблеми е се поголем. Загрозено е здравјето на сите граѓани, а во голема опасност се децата, повозрасните и тешко болните, за кои ова ниво на загаденост е фатално. Граѓаните секојдневно умираат, власта не превзема ништо.

Граѓаните се жртва на неодговорната политика на СДС. Граѓаните со своето здравје секојдневно ја плаќаат цената за неодговорноста на властите.

Владата и градот Скопје итно треба да превземат мерки за заштита на граѓаните. Владата мора итно да ги заштити граѓаните и нивното здравје.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2017 01:18