Повеќе од две недели се собираме овде на мирен и достоинствен начин да ја изразиме поддршката за неправилно обвинетите и приведени граѓани на Македонија. Веќе 2 недели ВМРО-ДПМНЕ на различен начин го искажува својот револт, гнев и бунт против овој политичкиреваншизам што се случува, истакна Никола Мицевски од протестот пред Министерството за правда, кој се оддржува против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.
-Ќе продолжиме секој ден да доаѓаме и да укажуваме на грешките кои ги прави оваа власт, ќе алармираме за сите направди и прекршување на човекови права. Се надеваме дека СДС ќе ги увиди своите грешки и ќе почнат соодветно да го спроведуваат Законот, а не да го прават тоа што го првата во моментов, а тоа е клсичен политички прогон, демонстрирање на сила и силување на институциите во нашата држава, рече Мицевски пред насобраните граѓани и додаде:
„Денес од овде бараме безусловно запирање на сите овие процеси на политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и иживувањето кое што го прави СДС. Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон. Продолжуваме секојдневно, до завршување на оваа политичка хајка“.