Република Македонија е единствена држава во Европа, во која има политички затвореници.
Хунтата ги погази законите и правната држава. На удар е секој кој не се согласува со политиките на власта.
Хунтата на власт во целосно монтиран случај во кој обвинува за тероризам десетици македонски патриоти неосновано стави во притвор актери, режисери, уметници, лекари, пратеници и полицајци.
Хунтата ја има киднапирано целата држава, државниот апарат и трите столба на власта, судството не е поштедено и е под голем притисок на власта.
Судовите не судат по закон, туку по диктат. По диктат на хунтата се ослободуваат осудените убијци од Смилковско езеро и се подготвува мегународна истрага за терористите од „Диво Насеље“, по диктат на истата таа хунта која ослободува од затвор убијци се ставаат во затвор искрени патриоти и политички неистомисленици.
Целта е да се втера страв во секој кој размислува поразлично и да се онеспособи опозицијата за непречено да се спроведуваат антидржавните политики. На удар на оваа злосторничка хунта е секој еден кој размислува поинаку. На удар и цел на прогон може да биде секој македонски граѓанин. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ова изживување со македонските граѓани да помине неказнето.
ВМРО-ДПМНЕ бара:
1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.
ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.