Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција ќе отвори своја амбасада во Источен Ерусалим.
Тој ја даде изјавата само неколку денови откако Организацијата за исламска соработка ги повика земјите да го признаат Источен Ерусалим за главен град на Палестина.
- Со Божја помош, близу е денот кога ќе отвориме своја амбасада во Источен Ерусалим, нагласи Ердоган.