Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и Александар Николоски оствари средба со меѓународниот секретар на Европската народна партија (EPP), Патрик Волер.

На средбата стана збор за соработката на ВМРО-ДПМНЕ со семејството на Европската народна партија како и за актуелните случувања во државата.

Груевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е за продлабочена соработка со Европската народна партија и изрази задоволство од досегашните односи кои го покажуваат потенцијалот за развивање на понатамошните односи, а со тоа и ползување на таквата соработка за интересите на `Република Македонија во остварување на нејзините стратешки приоритети како што е членството во ЕУ.

Груевски накратко го запозна соговорникот со актуелните случувања на политички и економски план. Тој посочи дека во Македонија има газење на правната држава и демократијата. Се врши класичен политички прогон и реваншизам на партиска основа. Се притвораат уметници само поради изразено мислње а притоа се теретат за непостоечки дела како што е тероризам. За жал стануваме држава каде наместо со демократија се владее со страв и кршење на основните човекови права, спротивно на основните европски и универзални вредности. Македонија е земја каде се прогонуваат актери, уметници, режисери, инжињери и каде власта уапси 12 осто од пратеничката група на водечката опозициска партија или 5 осто од вкупниот пратенички состав, посочи Груевски.

Македонија станува заробена држава, а главната цел на таквиот напад е токму ВМРО-ДПМНЕ каде над 150 лица по различни основи се под директен атак на таквиот политички прогон, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2017 02:58