ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протестите за правдина, од денеска тие секој втор ден ќе одржуваат и пред истражниот затвор во Шуто Оризари, не само пред Министерството за правда. Пред граѓаните денеска се обрати Влатко Ѓорчев. Тој порача дека граѓаните ќе бидат тука какво и да е времето, затоа што љубовта кон Македонија е огромна.

-Тука сме да им порачаме на оние кои што неправедно се внатре, дека можат да ги чујат македонските песни со кои израснале, тука сме да им порачаме дека не се заборавени, тука сме да им порачаме дека надвор има многу луѓе кои ги чекаат, пред се и над се нивните семејства, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев им порача на притворените дека секој ден се помалку ги поддржуваат оние кои што го вршат овој политички прогон. Ѓорчев напомена дека од ветувањата на оваа власт, дека се затвораат фабрики, од чистиот воздух ништо и уште многу други работи.

-Оние кои ја поддржуваа Шарената револуција секој ден се оградуваат од неа на Фејсбук, оние кои што пишуваа пишува секој месец по 3-4 или 10 колумни секој месец се погласно пишуваат против оваа актуелна Влада. И најголемите нивни поддржувачи ден по ден, месец по месец, тема по тема стануваат се покритични кон оние кои што ги затвораат оние што се внатре тука, изјави Ѓорчев.

Ѓорчев порача дека ќе дојде слободата, дека повторно ќе ги видат своите семејства, ќе си гушнат своите сопруги и сопрузи, своите деца, своите роднини.

-Тие што ве прогонуваат ќе шептат, а вие гордо ќе одите. Тие што ве прогонуваат нема да им биде сеедно. Сакам една сторија да ви споделам тука. Една од затворените, девојка, жена од Куманово, 30-тина години, мајка на две деца, вработена службеничка во Собранието. Едното дете две години, другото една година. Прво и доделија домашен притвор, никого не удрила, никого не нападнала, малку беше тоа за прогонителите, рекоа во затвор ставете ја и ја ставија во затвор, а веќе не може да си го дои детето, уште го доеше детето, изјави Ѓорчев.

Тој кажа дека ова е време што ќе помине, дека ова е време што мора да помине. Кажа дека ќе се памети во овие моменти кој е оној кој што прогонувал, кој е оној што трпел и страдал. Ѓорчев и порача на девојката од Куманово дека повторно ќе си дојде дома и повика сите кои се внатре со својот став, со своето достоинство да бидат пример за другите.

Ѓорчев ги повика граѓаните да го наградат со аплауз Мухамед Амети, советник во градот Скопје, кој секој ден е со граѓаните на улиците.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2017 03:03