Република Македонија и Народна Република Кина денеска во Секретаријатот за европски прашања ќе потпишат Договор за економска и техничка соработка, со кој кинеската Влада ќе обезбеди грант - помош за Македонија.

Како што соопштија од СЕП, документот ќе го потпишат вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија Јин Лисјен.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2017 11:33