Македонија е заробена држава благодарение на хунтата и единствена држава во демократска Европа каде во 21 век сеуште се апсат луѓе поради изразени политички ставови. Македонија е единствена држава која се стреми да се интегрира во евро-атланскте институции со политички затвореници во своите затвори.

Судот без никаква причина во притвор смести уметници, актери, режисери, лекари, пратеници, полицајци и вистински професионалци во својата дејност луѓе, кои ја бранеле честа и боите на Македонија во полето каде се најуспешни. Овие луѓе се во притвор само поради различните политички ставови со еден човек, Зоран Заев.

Судовите и државните институции се целосно заробени и работат по диктат на хунтата која го погазува Уставот и го користи судството и институциите за влевање на страв на сите патриоти кои си ја сакаат сопствената држава. Партиското судство без никакви аргументи по налог на хунтата монтираат случаи за тероризам против родуљуби и патриоти, луѓе кои дале незамислив придонес за македонското општество.

Правната држава ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани секој кој постапувал незаконски ќе одговара пред законите на државата. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се продолжи да се гази врз правото и демократијата во државата.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.

2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.

3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе организира протест во 18 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2017 12:49