Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори седум нови истраги против 17 лица за злоупотреба на службена положба, измама во службата и други кривични дела.

Истрагата „Лидери“ што ја отвори СЈО произлегува од обавен телефонски разговор меѓу лидери на две политички партии во врска со уривање на нелегално изграден објект. Осомничен е сопственикот на објектот што бил изграден во периодот од ноември 2011 до февруари 2013 година без одобрение на површина од 1.000 метри квадратни.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2017 13:24