Руската гасна компанија „Газпром“ најави дека ќе ја удвои инвестицијата во гасоводот „Турски поток“ во 2018 година на 3,24 милијарди долари.

Според агенцијата Блумберг, средствата за морската делница на гасоводот ќе бидат удвоени, додека значително ќе биде зголемена и помалата инвестиција во копнената траса од гасоводот во европскиот дел на Турција.

Гасоводот треба да пренесува гас под Црното Море, од Русија до Турција, по што се отвора можноста за негово продолжување преку Балканот до Западна Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2017 01:12