Навивачите на Фенербахче не го забораваат Перо Антиќ, тие со посебна парола го поздравија враќањето на македонскиот кошаркар.
Црвена звезда со Перо Антиќ игра на гости кај Фенербахче, македонскиот кошаркар повторно е во Улкер арената каде фановите имаат убави спомени од него.
„Пазете ја брадата, тато Перо се врати“, гласеше паролата на фановите која алудира на кошаркарот на Фенербахче, Џиџи Датоме кого Антиќ го потстрижа по освојувањето на европската титула.
На Антиќ му беше врачен и третиот европски шампионски прстен со кој и официјално стана најтрофејниот македонски кошаркар на сите времиња.
Извор: МКД.мк