Европската комисија предложи на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент дека Полска треба да биде лишена од правото на глас при разгледување и донесување одлуки на Унијата.

Мнозинството во ЕП, групите на Европската народна партија, социјалистите и демократите и либералите, го поддржуваат предлогот.

Заменик-претседателот на ЕК, Франс Тимерманс, истакна дека комисијата останува отворена за разговори со полските власти, кога тие сметаат дека е соодветно. Тој наведе дека предлогот се должи на постојаното непочитување на регулативите на ЕУ со правилата на ЕУ, особено со усвоените измени во законодавството поврзано со работата на судството.

Тимерманс објасни дека во следните три месеци, Комисијата може да го повлече својот предлог доколку Варшава спроведе листа на мерки.

Европската комисија денеска одлучи на последната седница да ја тужи Полска во Европскиот суд на правдата за кршење на законот на Унијата.

Унгарија веќе објави дека ќе стави вето. Според заменик-премиерот Жолт Шемен, неприфатливо е Брисел да врши притисок врз суверена земја-членка.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2017 17:06