Република Македонија е единствена земја во Европа, каде во 21 век има политички затвореници.

Се конструираат обвиненија, се монтираат цели случаи, се со цел влевање на страв кај секој еден кој не се согласува со политиките на хунтата.

Обвинението кое им се става на товар во целост е апсурдно. Кривичното дело тероризам за кое се товарат е политички производ и служи за дефокус на јавноста од антидржавните политики, економскиот колапс и корупцијата на криминогената банда на чело со Заев.

Притворите кои ги побара Јавното обвинителство се неосновани. Не е исполнет ниту еден од законски предвидените услови за изрекување на истите. Неправедно притворените ниту се криеја, ниту се впуштија во бегство. Тие 8 месеци твореа и ги извршуваа своите секојдневни активности.

Сите тие се жртва на една полициска хунта која сака во целост да управува со нашите животи, преку втерување страв во секој еден кој ќе се дрзне да размислува поразлично од нив.

Нападот од страна на полицијата под контрола на Спасовски врз демонстрантите кои мирно протестираа и го блокираа ГП Табановце е уште еден доказ во низа за полициската хунта и заробената држава.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на полицијата врз демонстрантите кои мирно протестираа и го блокираа ГП Табановце. Користењето на полицијата за заплашување на граѓаните е противправно. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на сите кои ја уриваат демократијата и правната држава во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.

2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.

3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ денес ќе блокира четири крстосници во градот Скопје од 15 до 17 часот:

- Крстосницата кај Соборен Храм

- Крстосницата кај „Мавровка“

- Крстосницата кај „Нова Македонија“

- Крстосницата кај Црвен Крст

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во просториите на „Даре Џамбаз" денес од 09 - 17 часот ќе организира и крводарителска акција во знак на поддршка на притворените.

ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе организира и протест во 18 часот пред Истражниот затвор во Шутка, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2017 20:23