Хунтата се изживува со притворените за настаните од 27-ми април. Политичките притвореници се соочуваат со крајно нечовечки услови во Истражниот затвор во Шутка.

Притворените се оставени да преживуваат на температури под нулата со греење два часа во денот. Ова се крајно нечовечки и понижувачки услови. Додека има греење во директорската управа притворените измрзнуваат.

Ќелиите во кои се сместени не ги исполнуваат ни основните услови за сместување и престој на луѓе. Ќелиите се полни со мувла, а прозорците се расипани и не се затвораат. Притворените во демократска држава во цивилизирана Европа се подложени на изживување и методи како во логори од минатиот век.

Затворската управа и покрај нечовечките услови со кои се соочуваат притворените не им дозволува на нивните семејства да им достават топла волнена облека, капи и ракавици, луѓето буквално се оставени на премрзнување.

Изживувањето и понижувањето оди до таму што на роднините на притворените не им е дозволено ни нормална посета, која е во времетраење од 1 час, а од хунтата е скратена на неполн половина час, која во посетата го калкулира времето кое посетителите го поминуваат за безбедносна проверка.

Ова почитувани не е правда, ова не е владеење на правото, ова е политички прогон од најтежок вид. Бруталноста на хунтата нема граници. Ова е психолошки притисок врз чесните македонски патриоти меѓу кои има актери, режисери, уметници, архитекти, поранешни полицајци, лекари и граѓани од сите занимања, кој има за цел да ги скрши како луѓе и да не бидат во услови за своја нормална одбрана и докажување на својата невиност пред суд.

Директорот на Истражниот затвор мора да и одговори на јавноста по чија иницијатива го спроведува ова изживување. Дали ова се услови во кои треба да биде сместен еден притвореник пред судење?

Притворените наместо во нормални услови да можат да ја спремаат својата одбрана треба да се борат за својот живот.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет и сите други институции да реагираат за условите во кои се сместени притворените. Потребна е и реакција на затворската управа.

Ова тортура мора да запре. Граѓаните не смеат да бидат жртва на оваа хунта. Република Македонија мора да биде демократска држава во која има цврсто почитување на владеењето на правото. ВМРО-ДПМНЕ нема да молчи на газењето на законите и демократијата. Сите претставници на хунтата кои го газат правото и демократијата ќе сносат одговорност за своите постапки и криминали, во тоа да бидат сигурни.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2017 20:26