Денеска се собравме тука да го изразиме овој револт против полициската бруталност што се случуваше на протест на граничниот премин Табановце

Во текот на вчерашниот ден на уредно најавен и уредно организиран протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ и подржувачите и граѓаните на Република Македонија, на протест на Табановце на клучката Скопје се случи една полициска невидена бруталност каде што едно лице беше приведено и неправно задржано во полициската станица без никакви правни основи.

Денеска се собравме тука да го изразиме овој револт против полициската бруталност и против се она што се случуваше од страна на полициските сили и воедно апелираме и бараме од Судот веднаш да биде ослободено лицето кое е долгогодишен член и активист и виден граѓанин на овој град Куманово.

Значи уште еднаш потенцирам лицето е неправедно задржано во полициската станици и нема никакви причини и аргументи од они кои што се изнесуваат во јавноста.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2017 20:46