Пратеникот Ванковер Манчев, седуммина поранешни пратеници, тројца поранешни градоначалници и десетмина делегати денеска се приклучија кон иницијативата за одложување на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, барање кое вчера триесетина функционери го испорачаа преку отворено писмо.
Новопотпишани на иницијативата за избор на легитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ се и : поранешните пратеници Надица Танчева Тулиева, Милорад Додевски, Јасминка Дамчевска, Ружа Ѓорѓеска, Бети Кузмановска, Сузана Секуловска, Илија Србиновски, поранешните градоначалници Славчо Чадиев, Зоран Тасев и Дарко Шехтански и делегатите Лазар Поповски, Пеце Јовески, Маја Стојановска, Божидар Петровски, Тони Трајановски, Душко Миновски, Мунир Шемси, Миле Стојановски и Кристијан Тодоров.