Поранешниот министер за надворешни работи и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Поповски поднел оставка од сите функции во партијата, објавува Плусинфо.

Како што пишува порталот, тој оставката ја депонирал уште пред три недели.

Попоски не беше потписник на писмото потпишано од 30 партиски функционери и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во кое тие бараат одложување на конгресот закажан за викендов во Валандово и фер плеј во организацијата на следен конгрес на кој би одлучувале 5.000 делегати.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2017 11:37