Судењето за предметот на СЈО „Топлик“, во кој осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште, е одложено за 30-ти јануари следната година.

Денешното рочиште за предметот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 30-ти јануари идната година. Причина е спреченоста да присуствуваат адвокатите на одбраната на ексминистерот Миле Јанакиески, кој е обвинет заедно со уште пет лица. Двајцата адвокати на Јанакиески денеска се ангажирани и во случајот „Труст“ и не се во можност да дојдат на судењето за „Топлик“.

Јанакиески е обвинет дека спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања, на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2017 12:21