Во Владата на РМ се одржува средба на премиерот Зоран Заев и лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, по која треба да биде познато дали тој ќе остане во владината коалиција.
Од Владата вчера официјално објавија дека за министер за здравство е предложен Венко Филипче, актуелен советник на премиерот Заев, место кое повеќе од три месеци е испразнето, откако Арбен Таравари од Алијанса за Албанците стана градоначалник на Гостивар.
Пред два дена Артан Груби од ДУИ најави дека заменик министер за образование и наука ќе биде Арбр Адеми и потенцира дека „ситуацијата е решена, и оти парламентарното мнозинство е стабилно и без и со партијата на Зијадин Села“.
Али Ахмети, лидерот на ДУИ вчера во интервју за ТВ21 ја нарече Алијансата несериозна партија која има само два пратеници.