Делото тероризам кое им се става на товар на десетиците македонски патриоти е политичка конструкција. Целиот случај за наводен тероризам е монтиран за потребите на хунтата.

Делото кое им се става на товар на десетици македонски патриоти, меѓу кои актери, уметници, режисери, архитекти, лекари и луѓе од разни професии е апсурдно. Дејствијата кои ги превзема Јавното обвинителство се дотолку нелогични и неаргументирани. Не е исполнет ниту еден услов за побарување на мерката притвор според член 184 од Законот за кривична постапка, за луѓето на кои не по закон, туку по наредба на хунтата се наоѓаат во затвор.

Неправедно притворените ниту се криеја, ниту се впуштија во бегство. Тие 8 месеци твореа и ги извршуваа своите секојдневни активности.

Овие искрени македонски патриоти се жртва на полициската хунта која се инсталираше на врвот на државата и ги зароби државниот институции и правосудниот систем. Доказ за тоа е и последното неосновано апсење на протестант кој мирно протестирал на ГП Табановце, а е соочи со бруталноста на полицијата под палката на Спасовски.

Сите овие избливи на страв се доказ за хунта. Хунта која сака да го контролира секој еден сегмент од нашите животи, непочитувајќи ги законите и газејќи ја демократијата. ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори против оваа хунта и недемократските методи кои ги применува.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.

2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.

3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

Ова газење на законитe мора да запре. Сите прекршители на законите кои охрабрени од моменталната власт која ја имаат мора да знаат дека за секоја своја нелегална активност ќе одговараат со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2017 22:52