Директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски, како делегат на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен член на партијата, до Основниот суд 1 доставил предлог за времена забрана за одржување на Вонредниот конгрес во Валандово.

Како што рече денеска, одговорајќи на новинарски прашања по јавната седница на Агенцијата, причина за ваквиот чекор е неговото право на Конгресот да ја искаже својата слободна политичка волја што во моментов не е можно зашто има, нагласи, директни закани од некои делегати, а за тоа е известено и МВР.

Инаку, во барањата од Брисел, директорот Влатко Атанасоски беше директно посочен како директор кој треба да ја задржи својата позиција и не треба да биде сменет од истата како заслуга на мерит системот (во јавноста протолкувано како заслуга за тоа што е еден од водечките членови на реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ).



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2017 01:32