Конгресот на ВМРО ДПМНЕ започна со доцнење од половина час. Делегатите го чекаа доаѓањето на лидерот во заминување Никола Груевски, а неговото доаѓање го го поздравија со аплауз и скандирање.

ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре го одржуваат 16-тиот вонреден партиски конгрес во Валандово. Станува збор за вонреден конгрес на кој ќе се бира лидер на партијата, по оставката која што ја поднесе долгогодишниот претседател на партијата Никола Груевски.

Откако беа избрани работните тела и беше утврдено дека говорите на делегатите ќе може да траат најдолго по 10 минути, започна нивното пријавување за збор.

Единствениот кандидат за лидер на ВМРО ДПМНЕ е Христијан Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2017 02:05