Како што соопшти прес-службата на Белата куќа, претседателот на САД, Доналд Трамп денеска го потпиша Законот за даночната реформа.

Во средата Конгресот го усвои предлог-законот за даночни олеснувања и други промени во даночниот законик на САД. Тоа беше едно од главните ветувања на Трамп во предизборието.

Трамп изјави дека благодарание на овој закон, САД ќе врати четири билиони долари, кои Американците ги имаат во оф-шор компани поради високите даноци.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2017 02:32