Израел соопшти денеска дека ќе го напушти УНЕСКО поради „системски напади“ од страна на организацијата кон еврејската држава.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Израел Емануел Нахсон рече дека одлуката е базирана на „обидите на организацијата да ја одвојат еврејската историја од Израел“.

Тој додаде дека официјално писмо за излегување ќе биде поднесено пред крајот на годината и дека Израел ќе ја напушти организацијата до крајот на 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 00:40