Повеќе видни членови на ВМРО-ДПМНЕ, поранешни и сегашни функционери го бојкотираат вонредниот Конгрес на партијата кој вечерва и утре се одржува во Валандово.

Во салата во Домот на културата не се појавија Антонио Милошоски и Илија Димовски кои го најавија своето отсуство, но таму ги нема и Борис Змејковски, Зоран Ставрески, Владимир Пешевски, Никола Тодоров и Никола Попоски.

На Конгресот приустни се лидерот во оставка Никола Груевски, како и дел од неговите најблиски соработници, како што се Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, кои ќе гласаат за избор на нов лидер на партијата.

Единствен кандидат на Конгресот е сегашниот генерален секретар Христијан Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 00:43