За божикните и новогодишните празници француските власти распоредија уште речиси 100 илјади дополнителни полицајци и војници поради страв од терористички напади.

Дополнителните сили ќе се фокусираат на божикните базари, трговските центари, верските објекти, јавниот превоз и туристичките локации.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во „контекст на се уште големата терористичка закана“ со цел заштита на безбедноста во текот на денешниот и утрешниот ден мобилизирани се 97.000 припадници на безбедносните сили.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 02:23