Американските социјални мрежи, Фејсбук и Инстаграм, ги затворија профилите на чеченскиот претседател Рамзан Кадиров. Пред да му бидат згаснати профилите, Кадиров имаше повеќе од три милиони следбеници на Инстаграм, а околу 760.000 на Фејсбук.

Тој е познат како страстен корисник на Инстаграм, добро познат по тоа што често споделува фотографии и вести за Чеченија и за неговото семејство. Во средата, американското Министерство за финансии го стави Кадиров на листата на санкционирани лица под „Законот Магнитски“.

Американските претставници го обвинија Кадиров дека ја „надгледувал администрацијата поврзана со исчезнувања и неоправдани убиства”. На листата на Магнитски има 49 државјани на Русија.

Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин рече дека со бришење на профилите, социјалните мрежи им го укинуваат правото на граѓаните да го слушнат мислењето на блогерите и комуникацијата со нив.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 02:48