„Пред некој ден во разговор со повеќемина, поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски шеговито направи една компарација и илустрација, при што потсети дека низ годините научил да ги дешифрира пораките на министрите за надворешни работи, па вели кога сегашниот МНР на Македонија на прес конференција со колегата од Грција вели ,,се надевам дека ќе ја препознаете новата можност,, тоа може сликовито да се илустрира со еден пример од типот, како кога студент во студенски дом влегува во собата на своја колешка која е комплетно соблeчена и подготвено го очекува, и му вели: се надевам дека ќе ја препознаете новата можност. Тоа е отприлика моменталната понуда на Република Македонија. Но за жал колку и овој шеговит пример да засмејува, станува збор за крупен национален интерес и на тоа мора да се гледа сериозно.
По сите успеси кои направивме, по сите победи и резултати, ВМРО-ДПМНЕ кое цврсто застана во заштита на националните и државни интереси неминовно беше да биде под напад за да се ослабне и сруши од власт. Се започна силна негативна кампања против мене со цел да ме прикажат како корумпиран монструм, но тоа само времено фрла сенка на позитивните резултати од моето владеење. Се фрли многу прашина, за да се заматат делата и чесниот пристап кон работа и народот, но кога прашината ќе легне, делата ќе останат, и кога негативната кампања ќе застане, ќе останат 173те илјади новоотворени работни места, зголемените пензии, субвенции, изградената инфраструктура, проектот Скопје 2014та и многу други работи.
Ова време многу ме асоцира на времето и состојбите во кое се наоѓал Тодор Александров во месеците пред да биде убиен во 1924 година, и состојбата во која тој бил тогаш, иако се е во сосема различен контекст.“истакна Груевски во својот говор на 16-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.