“ Иако мојот план пред влегување во политиката беше да не се задржам подолго од 4-5 години бидејки имав други животни и работни планови, во еден таков момент, во една таква ситуација, во едни такви сложени околности во партијата и во државата, кога почуствував дека сум потребен и на ВМРО-ДПМНЕ, и пред се на Македонија, ја прифатив понудата на Георгиевски и го прифатив предизвикот да ги ставам моите најубави години од младоста во служба на партијата, народот и државата, да бидам новиот водач на ВМРО, предложен токму од мојот претходник на оваа позиција Љубчо Георгиевски, на кого и покрај подоцнежните несогласувања, политички разлики и споротиставености, му се заблагодарувам за укажаната доверба и подршка, и со кого успеав по еден неколку годишен прекин да ги обновам и до ден денес да ги задржам пријателските релации и повремени средби, при што дел од политичките разлики останаа, но остана и човечкиот, партискиот и личниот однос и комуникација.

По прифаќањето на челната позиција во партијата, следуваа тешки три години на ново докажување, деноноќна работа, внтрепартиски превирања, ниски удари, и крупни предизвици, низ кои поминавме, еден трнлив пат до победата во 2006тата на кој секогаш ќе се сеќавам. Всушност тие први три години како водач на ВМРО, и последните три беа најтешките во 14 и пол годишното водење на партијата. Не по број на работни саати и решавање на проблеми, туку по т.н. византиски игри, подли, валкани и нечесни игри со кои бев принуден да се справувавам, поле на кое не се чуствувам на свој терен. Мојот долгогодишен соработник и еден од најбриљантните умови на македонската политичка сцена, Мартин Протогер, кој освен што добро ги познава сите задкулисни игри од тој почетен период, уште подобро ги знае истите такви од последниот период, и особено последните неколку месеци, пред некој ден ми кажа како на некој пријател му рекол за мене, цитирам: човекот го започна мандатот во партијата со нож во грб, и го завршува со нож во грб. Го корегирав, и му реков, дека не е во право, и дека, го завршувам не со еден, туку со повеќе, и не ножеви, туку ножиња во грб. Таков е животот и особено политиката. Но, денес нема да зборувам, ниту за ножот, ниту за ножињата, тоа е приказна за други времиња и прилики, или можеби приказна која треба да остане само во мене и неколкумина околу мене засекогаш, кои беа сведоци на сите познати и повеќе непознати случувања во партијата, затоа што денес, како никогаш досега ни е потребно единство, кое ќе ги стави настрана сите негативни работи, единство кое ќе не обедини и однесе во победа, единство кое преку враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, ќе ја врати и посветеноста, работата, грижата и одговорното и отчетно работење во Македонија на една власт, ќе ги врати инвестициите, новите работни места, зголемувањето на стандардот, градбата на крупни инфраструктурни проекти, зголемувањето на животниот стандард, решавањето на многу проблеми со кои се соочуваат граѓаните, наместо сегашната хипокризија, и поигрување со интелегенцијата на народот и неговата доверба.“ - Истакна Никола Груевски



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 03:50