Централното собрание на коалицијата Алијанса за Албанците (АА) на состанокот во неделата во гостиварско Дебреште, ги разгледува состојбите во партијата, а гланата тема тема на која ќе се разговара и одлучува ќе биде нивното натамошно учество во владината коалиција предводена од СДСМ, а според најавите веројатно е дека партијата на Зијадин Села напролет ќе побара вонредни паралементарни избори.

Според партиски извори, не се очекува класично напуштање на Владата, оти не би сакале за ваквиот чекор да бидат прогласени за дестабилизирачки фактор од страна на меѓународната заедница.

Се очекува да биде прифатена варијантата да се повлечат од извршни позиции. Во партијата веќе се изјаснија дека даваат поддршка на реформите на Владата кои се во интерес на правата на Албанците и евроатланските интеграции на земјата. Бараат да остане договорот со кој беше формирана Владата, а околу прашањето за Министер за здравство изјавија дека тоа не е кадровско туку перонсално прашање.

Сепак, во кој правец ќе одлучи да се движи партијата натаму, ќе се знае попладнево, по завршувањето на состанокот.

Наим Бајрами од Алијанса за Албанците во саботата за телевизијата 21 изјави дека во владата би останале само под притисок на меѓународниот фактор, но како што рече, само до март, кога ќе бараат предвремени избори.

„Оваа работа е 100 отсто завршена, ќе бидеме надвор од Владата. Иако има притисоци од меѓународниот фактор со цел да не дојде до тоа. Евентуално доколку меѓународниот фактор врши притисок ние ќе останеме, но нема да преземаме одговорност во министерствата. Не знам колку може да опстане оваа влада, можеби за одреден период но потоа да има предвремени избори“, изјавил Бајрами.

До ваквата ситуација во владата дојде откако премиерот Зоран Заев го достави предлогот за министер за здравство до Собранието, а во тој документ не се најде името на Вулнет Ферати, чие име беше предлог од Алијанса за Албанците.

Советникот на поранешниот министерот за здравство Никола Тодоров и актуелен советник за здравство во кабинетот на премиерот Зоран Заев, др Венко Филипче е предлог на мнозинството од СДСМ за министер за здравство. Ово предлог ја ома поддршката и од ДУИ, чиј кандидат Арбр Адеми ќе го заземе местото на Висар Ганиу како заменик министер за образование. Гласањето за новите кандидати се очекува да биде пред новогодишните празници.

Централното собрание на Алијанса за Албанците ќе се одржи во недела во 11 часот во Гостивар, кога ќе се одлучи дали партијата ќе излезе од Владата.

Алијансата, исто така, не прифати да предложи вицепремиер за реформи што според нив е измислена позиција, по вербалните препукувања преку медиумите со лидирот на ДУИ., Али Ахмети,

Според некои навестувања сосема е извесно дека АА ќе ја напушти целосно владината коалиција, бидејќи нема доволна застапеност во неа, ниту атрактивни ресори во кои нивни кадри би дале свој придонес.

Премиерот Зоран Заев кој изјави дека го цени тоа што Зијадин Села бил до него за време на безредијата во Собранието на 27-ми април многу му значи, па така оставен е простор тие да останат во Владата и по долгиот период на разговори да се согласат на компромис.

Предлозите за испразнетите места по локалните се очекува пред пратениците да се најдат на почетокот на наредната седмица, а предлог од АА засега нема, откако последната средба меѓу Заев и Села заврши без договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 04:45