Европската народна партија која е главна организација на европските десничарски партии му го честиташе изборот на Христијан Мицкоски како нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но посочи и дека сега опозицијата ќе треба да работи во парламентот и заедно со власта да ги реализира неопходните реформи.
„Честитки до Христијан Мицкоски за неговиот избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. На Македонија и треба силна опозицијата во парламентот за заеднички да се преземат неопходните реформи и да се решат проблемите кон евроатлантскиот пат“, стои во честитката од ЕПП.