Премиерот Зоран Заев по повод католичкиот празник Христово раѓање Божик упати честитка до Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Светата Столица во Република Македонија и до сите граѓани од католичка вероисповед.
– И оваа година се роди богомладенецот, придружуван од песната на ангелите во негова чест и во чест на овој настан: „Слава му на Бога во висината, а на земјата мир меѓу луѓето!“. Секоја година Божик повикува на нова, лична преобразба, да понудиме мир за сите и да повикаме да го преобразиме злото во добро, пишува Заев во честитката.
Секоја година Христовото раѓање, додава тој, е нова надеж за подобро утре за секој човек, во секое семејство.
– Во секој дом и во општеството, во кое сите сме повикани да учествуваме да изградиме похуман и праведен свет, со уверување дека во мир и спокојство имаме можност за попросперитетна иднина за сите, вели македонскиот премиер во честитката по повод католичкиот празник Божик.