Почнувајќи од утре па се до 5 јануари, само еден ден ќе нема натпревар во англиската Премиер Лига.

Осум дуели се закажани за „Боксинг деј“ (26 декември), денот по Католичкиот Божиќ.

Во среда Њукасл ќе игра против Манчестер Сити во 20:45, а в четвртокот Арсенал ќе биде домаќин на Кристал Палас .

За петок нема натпревари и тоа е единствениот ден без премиерлигашки фудбал во празниците.

Ливерпул – Лестер и Јунајтед – Саутемптон се среќаваат в сабота, во неделата, пред Нова Година, ВБА игра против Арсенал, додека Кристал Палас е домаќин на Манчестер Сити.

Потоа, на првиот ден од 2018 година се пет натпревари, а на 2 јануари четири.

На 3 јануари, програмата е големо дерби помеѓу Арсенал и Челзи.

Тотенхем и Вест Хем ќе играат на 4-ти јануари со што ќе заврши премиерлигашкото „лудило“ по што ќе следува пауза до 13 јануари.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 22:56