Активистка на феминистичката група Фемен со разглени гради, денеска се обиде да украде статуа од бебето Исус на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, но ја беше спречена од страна на локалната полиција.

Жената ја прескоканала безбедносната ограда и тргнала кон местото каде била поставена статуата извикувајќи „Бог е жена“, слоган кој бил испишан и на нејзиниот грб.

Локален полицаец успеал да ја фати, по што членката на феминистичката група е уапсена.

Инцидентот се случил два часа пред папата Франциско да ја упати традиционалната божиќната порака.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 23:14