Овој политички прогон на СДС мора да запре, граѓаните заслужуваат правна држава, слобода и еднаквост за сите

Хунтата на власт по директива на Зоран Заев врши класична тортура, политички прогон, малтретира и затвора политички неистомисленици.

На удар се чесни и искрени патриоти, чиј единствен грев е што си ја сакаат сопствената држава. Десетиците притворени македонски граѓани не се терористи, туку луѓе со реноме, углед, чест, достоинство и долгогодишни кариери кои никогаш не сториле никакво дело кое се коси со законот.

Хунтата продолжува да се изживува со нив и во истражниот затвор. Притворените се оставени на минусни температура во ќелии со мувла во кои што нема греење, а прозорите се расипани.

Ова нечовечно и бездушно постапување на хунтата на власт мора да заврши.

Овој политички прогон мора да запре, граѓаните заслужуваат правна држава, слобода и еднаквост за сите.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.

2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.

3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/12/2017 23:41