Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изврши примопредавање на кабинетот на новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му посака успех во работа на новоизбраниот претседател Мицкоски, истакнувајќи дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните очекуваат мудрост и разум во одлучувањето, како и решителност во справувањето со предизвиците наметнати од Владата, пред се економското фијаско што и се случува на државата, безидејноста на власта, загрозената слобода и заробената држава.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека водењето на ВМРО-ДПМНЕ преставува голема чест и предизвик, дека ќе биде максимално насочен кон исполнување на очекувањата и креирање на понуда за она што се очекува од ВМРО-ДПМНЕ да биде одговорна опозиција и жесток критичар на сите неразумни политики од владата. Приоритет ќе биде зајакнувањето на партијата, а силното ВМРО-ДПМНЕ ќе преставува фактор во креирањето на стабилна иднина на државата, заштита на интересите на државата, и воспоставување на економски просперитет потребен на граѓаните, како и градење на мостови на соработка, истакна Мицкоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2017 08:28