Правосудството е под јаремот на СДСМ. Судовите надвор од правната логика ги одложуваат рочиштата на Заев и за повеќе од еден месец, додека експресно процесуираат предмети против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.
Десетици учесници во настаните од 27-ми април, уметници и пратеници неосновано се ставени во притвор. додека премиерот е целосно недопирлив за правосудните органи.
Притисокот не запира кај органите за прогон и пресудување, туку продолжува и во установите за притвор. Притворените се изложени на нехуман однос, престојуваат во ќелии со температури под нулата, полни со мувла и со неисправни прозорци во сред декември.
Презумпцијата на невиност овде е непознат поим. Правата на луѓето во истрага неоткриена категорија.
Прогонот кој се врши е невиден за демократска Европа. Човековите права гаранитрани со Европската конвенција за човековите права се кршат на секој чекор. СДСМ ги зароби институциите. На удар е секој еден граѓанин.
Овој прогон мора да запре. Македонија мора да стане демократска држава, со цврсто загарантиран принцип на владеење на правото.