Илија Димовски, досегашниот координатор на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ во парламентот, вчера на свое барање се повлекол од таа позиција, потврдуваат за Дojче веле.
Нов координатор ќе биде Влатко Ѓорчев, а таа позиција се очекува да биде официјализирана денеска. Илија Димовски вчера не беше достапен да ја образложи одлуката, која уследи непосредно по изборот на новиот претседател на партијата, Христијан Мицкоски, на Конгрес за кој Димовски и голем број партиски членови бараа одложување, но Извршниот Комитет не им го прифати тоа барање.