Тензија, доминација и атрактивни потези го одбележаа натпреварот помеѓу Црвена Ѕвезда и Мега Бемакс во Сремска Митровица.

Црвена Звезда славеше во мечот со Мега Бемакс со 90-85 во рамките на АБА лигата кој беше одбележан со напната игра и инциденти кои можеа да преминат во тепачка.

Нервозата на теренот најмногу се одрази во последната четвртина по прекршокот на Битадзе над Матијас Лесор при обидот на Французинот да забие во контра напад. Како резултат на намерно предизвиканиот фаул, Американецот незгодно падна на паркетот при што со нервозна реакција возвратија играчите на Црвена Ѕвезда меѓу кои и Перо Антиќ.

Сепак, момент на натпреварот беше потегот на најдобриот македонски кошаркар за 2017 година, Перо Антиќ, кој уште еднаш ја искористи својата позната финта да го „излета“ противничкиот играч за да во продолжение акцијата ја заврши со атрактивно забивање.

АБА лигата го прогласи потегот на играчот на Црвена ѕвезда за најубав во колото.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2017 11:57