За жал, одново се појави популизмот со неговото негативно влијание врз добрососедските односи.

Веќе ја спомнав Тиранската платформа која беше популистичко мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Имавме и контраразузнавачка измама во односите со Србија. Сè уште ги чекаме доказите од официјален Белград за наводното македонско офанзивно разузнавачко дејствување против српските дипломати.

Владата на Косово, пак, одлучи да определи финансиска помош за актерите ангажирани во насилните и терористичките акти во Гошинце и Куманово. Така ли косовската влада ја изрази благодарноста за згрижувањето на над 350.000 косовски бегалци во 1999-та, признавањето на косовската независност, и вклучувањето на Косово во регионалната соработка?

Лидерите од регионот мора да извлечат поука од сево ова. Потребно е внимателно да се одмерува секој збор. Избегнувањето на острата реторика е особено важно во претстојниот период кога многу од земјите во регионот влегуваат во нов изборен циклус. Една неумесна и популистичка изјава може да предизвика политички земјотрес во целиот наш регион.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2017 13:16