Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша закон за државна поддршка на блокчеин и криптовалути.

Според новиот закон, сите трансакции и приходи од криптовалути се ослободени од плаќање данок за следните пет години.

Лукашенко со тоа постави рамки на таканаречениот „развој на дигиталната економија“ на Белорусија.

Целта на законодавството е отстранување на бирократијата која би можела потенцијално да пречи на имплементација на блокчеинот и дава зелено светло за размена на криптовалути.

Покрај тоа, белорускиот „ХТП“ – технолошки рај, кој го креираше Лукашенко во стилот на Силиконската долина, ќе има привилегии да привлекува средства по пат на ICO и да користи криптовалути при циркулирање на трансакциите на населението.

Лукашенко појасни дека основна цел е глобалните ИТ компании да дојдат во Белорусија и да отворат свои канцеларии, развојни центри и да креираат популарни светски дигитални производи.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2017 07:46