Говорот на претседателот Ѓорге Иванов е оксиморон, и доколку го ставиме на полиграф ќе изгледа шашаво за да се дефинира што е суштината и што се пораките, рече Артан Груби од владејачката ДУИ во вторникот реагирајќи на редовоното годишно обраќање на Претседателот пред патениците.
Претседателот Иванов во својот говор во Собранието осврнувајќи се на иницијативата за промена на Законот за јазици оцени дека предлог-законот е неуставен и репресивен. Груби, пак, рече дека има повеќе од 26 забелешки, но главно тие се во делот за Законот за јазици.
„Со овој закон се заокружува Рамковниот договор потпишан од сите партии и претседателот Борис Трајковски. Овој закон извира од Уставот и е во целосна согласност со него. Иванов треба да биде пример за кохезија на меѓуетничките и добрососедските односи“, рече Груби
Додаде дека е скандалозна изјавата на Иванов за соседите и рече дека тој треба да се извини за коментарите кон Косово и Приштина.
Иванов во своето обраќање посочи на финансиската помош од Косово за актерите ангажирани во терористичките акти во Гошинце и Диво Насеље, прашувајќи дали на тој начин Приштина ѝ заблагодарила на Македонија за згрижувањето на 350.000 косовски бегалци во 1999 година и признавањето на косовската независност.