Премиерот Заев за прв пат денеска ја спомена можноста да се организираат предвремени избори. Тој објаснува дека Владата ќе постои се додека има мнозинство во Собранието.

Тој е свесен дека уште при формирањето на Владата се знаело дека мнозинството ќе биде тенко. Доколку остане без него, Заев вели дека ќе се обиде со прегрупирање на силите. Ако и таа опција не излезе, Заев вели дека избори не ни бегаат заедно со претседателските во 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/12/2017 09:01