Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети упати честитка до сите граѓани по повод Нова година.
– Имам посебна чест да ви честитам на сите вас и вашите ценети семејства со најискрени честитки за здравје, благосостојба и успех во 2018 година. Годината пред нас е клучна година и многу значајна за нашата земја и за земјите од Југоисточна Европа, вели Ахмети во честитката.
2018 година нека ни донесе афирмативни, надежни и конкретни стратегии за проширувањето од страна на Европската комисија, позитивен извештај за напредокот со безусловна препорака и датум за почеток на преговорите, но, уште поважно, покана за членство во НАТО. Нам ни преостанува да се соединиме и да ги решиме домашните задачи без никакви одложувања во конструктивен и пријателски дијалог со соседите. Затоа, да си ги засукаме ракавите и да ги оствариме нашите определби – порача Ахмети