Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски новогодишната ноќ ја помина во Струмица во домашен амбиент, заедно со семејството- сопругата Рози која е со потекло од Струмица и синовите Јован и Антониј.
Мицкоски на граѓаните на Република Македонија им ја честита Новата Година и им посака здравје, разбирање, помирување и среќа.
Тој ги повика граѓаните да го следат во процесот што значи „поразување на штетните политики на Владата предводена од СДСМ“.
– Само обединети можеме да ги поразиме штетните политики, порача Мицкоски и повика на внатрешна катарза во ВМРО-ДПМНЕ и враќање на партијата посилна од кога и да е досега.
Тој изрази уверување дека 2018-та, ќе биде година кога ќе почне процесот на враќање на ВМРО-ДПМНЕ.