Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, тврди дека наследил партизирана администрација во Општината и вработените кои не само што не ги исполнуваат работните задачи, туку и воопшто не се појавуваат на работа. На вчерашната средба со ислениците, Таравари им се пожалил дека е условен да ги задржи на работа овие вработени и дека во спротивно Општината не ќе може да формира Совет.

– Ги употребивме сите средства и продолжуваме да правиме напори и понатаму да не се блокира работата на советот, но од другата страна наидуваме на отсуство на волја, а што се проследува со ирационални барања, како што е да ги задржиме на работа нивните партиски војници кои не само што ништо не работат, туку и воопшто не доаѓаат на работа. Кажете ми, ве молам, може ли тоа да се случи во европските земји каде што вие работите – ги прашал Таравари, иселениците, соопшти прес-службата на општина Гостивар.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2018 22:05